Предности при користење на Агридрон
Агридрон DJI/AGRAS T30 ?
АгриДронот DJI AGRAS T30 може да носи тежина со максимален капацитет од 30 килограми. Според компанијата, прскалките кои што се инсталирани на дронот се оптимизирани за прскање со униформни капки со ефективност во апликацирање на ширина од 4-9 метри.
АгриДронот содржи 16 прскалки и пумпа со голем капацитет која овозможува апликација на течност од 8 литри во минута. Делот кој го мери и регулира протокот на течност работи со помош на електромагнет кој има 8 канали и може индивидуално да ги мониторира и контролира прскалките што овозможува голема ефикасност при работа. Дополнително, дронот за прскање користи омнидирекциски радар кој детектира препреки од сите хоризонтални правци. Отпорен е на прашина и вода со оценка ИП67, што го прави идеален за испирање и константно правилно оддржување.
Беспилотните летала за заштита на растенијата
Без разлика во која земја, без разлика колку е напредна вашата економија и технологија, земјоделството е основна индустрија. Храната е најважна за луѓето, а безбедноста на земјоделството е безбедноста на светот. Земјоделството зазема одреден дел во која било земја. Со развојот на модерната наука и технологија, земјите ширум светот имаат различни нивоа на примена на заштита на растенијата со дронови, но генерално, процентот на беспилотни летала што се користат во земјоделското производство продолжува да се зголемува.